Економијата расте над очекувањата

Bez autora
Sep 25 2011

Градежништвото, металната индустрија и рударството ја дигнаа на нозе македонската економија и втор квартал по ред таа расте со над 5 проценти во однос на лани. Годинава економијата ќе ги оствари проекциите за раст од 3,5 отсто, а може да оди и над проекциите доколку не ни се случат надворешни шокови - прогнозираат експертите по најновите мерења на Државниот завод за статистика дека бруто-домашниот производ пораснал за 5,3 отсто во вториот квартал годинава во однос на лани. Сепак, предупредуваат дека мора да се отворат четири очи и да се преземат конкретни мерки по најавите дека светската економија очекува нови негативни трендови. Неочекувано добриот раст на БДП, како во првиот квартал, така и во вториот, се должи пред с` на растот на градежништво од 26 отсто. Статистика измери дека добро се држат и секторите е-трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата со раст од 18 отсто, како и на секторите вадење руди и камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и со вода од 12,8 отсто.

Економијата расте над очекувањатаГрадежништвото, металната индустрија и рударството ја дигнаа на нозе македонската економија и втор квартал по ред таа расте со над 5 проценти во однос на лани.

Годинава економијата ќе ги оствари проекциите за раст од 3,5 отсто, а може да оди и над проекциите доколку не ни се случат надворешни шокови - прогнозираат експертите по најновите мерења на Државниот завод за статистика дека бруто-домашниот производ пораснал за 5,3 отсто во вториот квартал годинава во однос на лани. Сепак, предупредуваат дека мора да се отворат четири очи и да се преземат конкретни мерки по најавите дека светската економија очекува нови негативни трендови.

Неочекувано добриот раст на БДП, како во првиот квартал, така и во вториот, се должи пред с` на растот на градежништво од 26 отсто. Статистика измери дека добро се држат и секторите е-трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата со раст од 18 отсто, како и на секторите вадење руди и камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и со вода од 12,8 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од лани, номинално расте за 12,5 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 75,1 отсто. За истиот период извозот на стоки и на услуги забележи зголемување во номинален износ од 25,5 отсто, а увозот на стоки и на услуги номинално порасна за 15,6 проценти.

Експертите се оптимисти

Експертите се оптимисти и прогнозираат дека домашната економија годинава ќе ги оствари проекциите и ќе порасне за 3,5 отсто, а може да оди дури и над проекциите доколку не не снајдат надворешни шокови.

- Со оглед на настаните остварени во првиот квартал, како и позитивниот тренд кој се случуваше во вториот квартал, беа очекувани добрите резултати на БДП и во вториот квартал. Со тоа проектираната стапка на Владата и на Народната банка за раст на БДП од 3,5 отсто дефинитивно ќе биде остварена, со објективни можности економијата да расте и над проекциите само доколку не ни се случат некои надворешни шокови - смета Томе Неновски, професор на Американ колеџ.

Според него, сите сектори што ја креираат економијата одат во нагорна линија. Растат личната и јавна потрошувачка, растат и инвестициите и надворешнотрговската размена.

- Податоците се должат, пред с`, на сите позитивни активности што се случуваа во тој втор квартал годинава. Продолжија инвестициите на Владата, потоа дојдоа и странските инвеститори, растеше индустриското производство, а туризмот забележа рекордни вредности, се засилија и извозните активности. Мене ме изненади баш туризмот бидејќи никогаш во нашата историја толку странски туристи не ја посетиле земјава. Добро е што расте и личната потрошувачка која покажува дека граѓаните се ослободија од притисокот од кризата - смета професорот Неновски.

Внимателно со податоците

Според професорот Никола Поповски од Европскиот универзитет, треба внимателно да се следат податоците на статистика бидејќи во нив има многу нелогичности. Тој предупредува дека треба да се внимава на предупредувањата однадвор, односно дека светската економија може да се соочи со нови предизвици.

- Податоците за растот во вториот квартал се добри иако треба да се прифатат многу претпазливо, бидејќи во нив има многу нелогичности. Некои сектори како градежништвото, на пример, поради високиот обем на извршени јавни работи во уредување на Центарот на Скопје, се екстремно високи (над 26 проценти), додека пак други сектори како финансискиот имаат негативен раст од минус два. Некои сектори како индустријата имаат двојно повисок раст на БДП отколку што е растот на физичкиот обем на нивното производство. Затоа треба со внимателност да се следат податоците и да се внимава на предупредувањата кои доаѓаат од целиот свет дека во третиот и во четвртиот квартал светската економија повторно се соочува со опасности од негативни движења. Ако нешто драматично не се случи, треба да очекуваме дека проектираната стапка на раст за оваа година од околу 3,5 отсто ќе биде остварена - вели Поповски.

Инаку, и во првиот квартал кога БДП порасна за 5,1 отсто најзаслужни исто така беа градежништвото и зголемениот извоз. Неколку градежни фирми, металната индустрија и рударството ја кренаа на нозе слабата македонска економија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik